Данска планира од 1 март да олесни некои мерки поврзани со работењето на продавници и училишта во делови на земјата, објави данската влада.
Данска моментално има една од најниските стапки на инфекција во Европа, откако во декември воведе општ карантин за да се запре ширењето на заразните соеви .
Врз основа на препораките на експертската советничка група, владата одлучи да отвори продавници помали од пет илјади квадратни метри, а дозволени се активности на отворено за помалку од 25 лица.
„Училиштата се отвораат во некои делови на земјата. Повеќе активност значи и повеќе заразени, па дури и повеќе хоспитализации“, рече министерот за здравство Магнус Хеунике.
Тој посочи дека бројот на хоспитализации може да го достигне својот краток врв во средината на април, кога може да има 880, или три пати повеќе од сегашните 247 лица.
„Ова ќе се случи со доаѓањето на пролетта и со повеќе вакцинирани“, смета Хунике.
Данска ќе отвори училишта во делови од земјата, но учениците ќе мора да се тестираат двапати неделно, информираат официјалните власти.