Утрински Весник
Македонија

Жител на Свети Николе обвинет за тешка кражба во неколку наврати

Жител на Свети Николе обвинет за тешка кражба во неколку наврати

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице за продолжено кривично дело –Тешка кражба.

На 11 февруари, обвинетиот 24-годишен жител на Свети Николе извршил две временски поврзани кражби.

На улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда, тој на дрзок начин одзел туѓи подвижни предмети. Најпрво ја забележал сега веќе оштетената жена, ѝ пристапил од зад грб, ја исплашил и ја вознемирил, па ја повлекол и ѝ ја одзел чантата што ја носела. Во чантата имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 4.500 денари, објаснуваат надлежните.

Подоцна лицето се упатило кон Факултетот за земјоделски науки и храна, лоциран на улица „16-та Македонска Бригада“, ја разбило двојната надворешна врата на амфитеатарот и започнал да пребарува, со цел да пронајде предмети кои би можело противправно да ги присвои.
Пребарувајќи, скршил уште четири врати од други простории и претурал, но чуварот го затекнал и го спречил во намерата.
Откако бил приведен, полициски службеници кај него ја пронашле претходно украдената чанта.

„Ценејќи дека се уште постојат законските основи за кои на обвинетиот во текот на претходна постапка му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за продолжување на мерката притвор“, велат од обвинителството.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни