Утрински Весник
Свет

(Видео) Конечно во јавност се појави сопругата на Ким Џонг Ун

(Видео) Конечно во јавност се  појави сопругата на Ким Џонг Ун

Ри Сол Џу, сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се појави во јавноста за првпат по една година, објавија државните медиуми.

Синоќа таа беше во друштво на сопругот на концертот по повод роденденот на неговиот татко и поранешен лидер Ким Џон Ил, кој почина во 2009 година.

https://www.youtube.com/watch?v=vDyUQ7k9z3U

Ри секогаш го придружуваше сопругот на важни настани, но последен пат беше видена во јануари минатата година во јавноста. Нејзиното непојавување во јавноста предизвика шпекулации за нејзиното здравје или потенцијална бременост, пишува Би-Би-Си.

Јужнокорејската новинска агенција наведува дека таа избегнувала да се појавува поради коронавирусот, но и за да помине повеќе време со децата, се верува дека имаат три деца.

Во Северна Кореја официјално не се пријавени случаи на Ковид-19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ФБИ уапси тинејџер кој планирал масовен напад во трговски центар во Минесота

СЗО: Нема целосна слика за случајот со можна смрт од чума во Русија

Во напад со дрон оштетен најголемиот дата-центар на „Јандекс“ во Русија