Утрински Весник
Култура

Е – саем на кинески книги од 12 до 16 февруари

Е – саем на кинески книги од 12 до 16 февруари

Од утре (петок, 12 февруари) до 16 февруари, Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“, по повод Кинеска Нова година, ќе одржи Интернет-саем на кинески книги, изданија на „Македоника литера“.

На овој петдневен е-саем „Македоника литера“ ќе понуди и ќе претстави педесетина репрезентативни кинески книги од областа на кинеската култура, културна историја, класична филозофија, историја и белетристика.

Меѓу другото, ги има објавено најпознатите филозофски класици, а ја објавува и серијата „Клучните концепти во кинеската мисла и култура“, од која досега се публикувани шест тома, а ќе ги објави деветте предвидени тома, по нивното публикување во Кина, кое треба за заврши оваа година.

„Македоника литера“ ја објавува и серијата „Најдобрата кинеска литература за деца“. Во рамките на таа едиција досега се објавени 13 тома со избор од прозното творештво на најпознатите кинески писатели за деца и млади.

Минатата година објави и седум книги од најпознатиот и најпродаваниот писател за деца во Кина Шен Шиси, познат и како „кралот на приказните за животни“.

Текстот Е – саем на кинески книги од 12 до 16 февруари е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“