Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен се извини за вакцините: Дејствувавме доцна

Фон дер Лајен се извини за вакцините: Дејствувавме доцна

Говорејќи на седницата на парламентот на ЕУ, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се извини за задоцнетата акција на ЕУ во врска со залихите на вакцини против коронавирус.

Претседателката на Комисијата во својот говор во Брисел рече дека надлежните биле премногу сигурни за набавката на вакцини против Ковид-19.

Фон дер Лајен кажа дека блокот дејствувал доцна и дека бил премногу самоуверен.

На седницата на парламентот на ЕУ, Фон дер Лајен истакна:

„Сè уште не сме таму каде што сакаме да бидеме. Доцневме да ги одобриме вакцините, бевме премногу оптимисти кога станува збор за масовно производство и можеби бевме премногу сигурни дека она што го нарачавме ќе биде доставено на време“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американски војници убиени во Јордан, Иран до сојузниците: Подгответе се за поширока војна

Шпанија се подготвува за трет топлотен бран со температури и над 45°C

Градоначалникот на Њујорк, разгледува можност за апсење на Нетанјаху