Утрински Весник
Свет

Полска: Во Краков снежните улици ги посипуваат со кафе наместо сол

Полска: Во Краков снежните улици ги посипуваат со кафе наместо сол

Жителите на Краков, живописната древна престолнина на Полска, беа разбудени од мирисот на кафе, но не од шолји, туку од улиците, бидејќи локалната служба дошла на идеја да истури талог од кафе на снегот.

Одделот за одржување  паркови и зелени насади објаснува дека кафето е добро за животната средина, а во исто време и поевтино од солта. Оваа одлука ги воодушеви и жителите и многу кафулиња кои сега не мора да го фрлаат остатокот од кафето во ѓубре.

На својата веб-страница одделот наведува друга добра причина во корист на кафето: тоа е безопасно за кучињата наспроти солта, која не е добра за шепите на кучињата.

Повеќе од 50 кафулиња одговорија на повикот, а талогот од кафе се доставува до службата за посипување на површините со снег. Властите, исто така, се надеваат дека ќе ги охрабрат жителите да купуваат повеќе кафе за надвор и на тој начин да им помогнат на угостителите во овие тешки времиња на пандемијата на коронавирусот.

Кафулињата и рестораните во Полска сега имаат право да подготвуваат пијалаци и јадења надвор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија издаде највисоко ниво на предупредување за жештини за Рим и уште три други градови

Се менува демографската слика на ЕУ: помалку млади, повеќе стари до 2100, по пикот во 2029 година населението ќе почне да опаѓа

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада