Утрински Весник
Македонија

Облачно време со врнежи од дожд и снег

Облачно време со врнежи од дожд и снег

Денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силен ветер (над 70 км/час).

На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засилува.

Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар