Утрински Весник
Магазин

Пристигна уше едно кралско бебе: Се породи внука на кралицата

Пристигна уше едно кралско бебе: Се породи внука на кралицата

Велика Британија има ново кралско бебе. Во Бакингемската палата е потврдена убава вест. Принцеза Јуџени родила син во вторникот во болницата Портланд во Лондон.

Кралицата Елизабета Втора го доби деветтиот правнук. Неговото име не е соопштено, а тој ќе биде 11. во редот за наследство на тронот.

“Нејзиното кралско височество принцезата Јуџин беше безбедно породена на 9 февруари 2021 година, во 08:55 часот во болницата Портланд. Мајката нејзиното кралско височество и нејзиното дете се добро, ” соопшти Бакингемската палата.

30-годишната Јуџени е помладата ќерка на третиот син на кралицата, принцот Ендрју војводата од Јорк и Сара Фергусон.

Ова е првото дете на принцезата Јуџени и Џек Бруксбенк, прво внуче на војводата од Јорк и деветто правнуче за кралицата и војводата од Единбург.

Мама и тато споделија на социјалните мрежи фотографија од своето прво дете.

Јуџени и Џек Бруксбенк се венчаа во 2018 година на церемонија во замокот Виндзор на која присуствуваа 850 гости.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“