Утрински Весник
Македонија

Обвинение за скопјанец кој ја пробол мајка си со нож

Маж избоден со нож во трговски центар во Скопје

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против скопјанец кој со нож ја повредил својата мајка.

Како што информираат од обвинителството, 34-годишникот на 1 февруари во вечерните часови, по претходна расправија, во дворот на семејната куќа на улицата Ѓорги Крапчев извршил семејно насилство и ја повредил мајка си, нанесувајќи ѝ убод од нож во пределот на стомакот.

Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело, за што се водат и други кривични постапки, фактот дека има и други поплаки од неговата мајка и опасноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител доставил предлог за продолжување на претходно определениот притвор.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива

Кавадарчанец возел пијан и со забрана, во автомобилот имал и дрога

Му ветувале работа во странство, тетовец измамен за 2000 евра