Утрински Весник
Свет

Истражување: Британскиот вид на коронавирус има поразлични симптоми

Истражување: Британскиот вид на коронавирус има поразлични симптоми

Симптомите на заразниот „британски“ вид на коронавирус се нешто поразлични од претходно доминантната варијанта, покажува студија на британското Национално биро за статистика.

Губењето на мирис и вкус – „заштитен знак“ на заразата со основниот вид на коронавирус, е нешто поретко кај заразата со таканаречената варијанта Б.1.1.7.

Кашлицата, заморот, болката во мускулите и болките во грлото се почести кај оваа верзија на вирусот.

Нема разлика во симптомите на главоболки, отежнато дишење, пролив и повраќање.

Студијата ги разгледала податоците од случајно избрани 6.000 луѓе кои биле позитивни на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на бродот „Амбишн“: Десетици патници заболени, еден британски турист почина

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал