Утрински Весник
Свет

Резултатите од вакцинацијата против коронавирус во Израел покажуваат исклучително низок процент на зараза

Резултатите од вакцинацијата против коронавирус во Израел покажуваат исклучително низок процент на зараза

Првите резултати од студиите за ефектите на вакцинацијата во Израел укажуваат на значителен пад на бројот на инфекции, како и на бројот на заразени пациенти кои се лекуваат во болници во рана фаза на имунизација.

Како земја во која секој трет жител примил барем една доза, што е најголем удел во светот, Израел, кој има девет милиони жители, може да послужи како тест во глобална иницијатива за вакцинација.

Луѓето се вакцинираат 24 часа на ден, така што многу ранливи групи, меѓу кои се 70 проценти над 60-годишна возраст, веќе добиле пропишани две дози вакцина на Фајзер / Бионтек. Во Израел дневно се вакцинираат до 200.000 луѓе, а од минатата недела вакцината им е достапна на луѓето постари од 35 години. Вклучени се и средношколци (на возраст од 16-18 години) за да можат да полагаат испити, пренесува „Гардијан“.

Израелското Министерство за здравство ги објави првите официјални резултати минатата недела: се покажа дека само 317 од вкупно 715.425 лица (0,04 проценти) се заразиле една недела откако добиле две дози вакцина против коронавирусот – период во кој треба да добијат посилен имунитет. Од тоа, 16 морале да се лекуваат во болница, односно само 0,002 проценти од вкупниот број.

Охрабрувачка е и помалата студија на израелскиот давател на здравствени услуги „Макаби хелткери сервисиз“, објавена во четвртокот, од 163.000 Израелци кои ги примиле двете дози, само 31 бил заразен, додека во контролната група (која не била вакцинирана), скоро 6.500 лица се заразиле . Според тие податоци, вакцината е ефикасна 92 проценти, што е близу до 95-процентната ефикасност за која зборува „Фајзер“.

„Ова е многу, многу добра вест“, рече д-р Анат Ека Зохар, потпретседателка на „Макаби“ за локалните медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп