Утрински Весник
Свет

Снежна бура во САД, држави воведуваат вонредна состојба

Снежна бура во САД, држави воведуваат вонредна состојба

Силна снежна бура се очекува на североистокот на Соединетите Американси Држави, домот на поголемите градови како што е Њујорк, откако во неделата помина преку Вашингтон.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за бура од Вирџинија до Мејн, каде живеат десетици милиони луѓе. Се предвидуваат снежни врнежи до 60 сантиметри во јужниот дел на Њујорк.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи прогласи вонредна состојба пред очекуваното невреме во неделата вечерта, дозволувајќи им на властите да затворат патишта и да ги евакуираат домовите.

„Полнете ги вашите мобилни уреди и доколку дојде до прекин на електричната енергија – веднаш пријавете го тоа“, ги повика тој жителите на Њу Џерси на Твитер.

Снежното невреме што ја покри Калифорнија со снег и пороен дожд минатата недела, потоа се пресели на Средниот Запад.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе