Хрватскиот ракометар Анте Кудуз (25) преминува во редовите на скопски Вардар 1961, јавуваат хрватските медиуми. Информациите се дека Кудуз ќе потпише двегодишен договор со „црвено-црните“, а во Скопје доаѓа од редовите на Динамо од Букурешт.
Во Вардар 1961 веќе настапуваат Хрватите Иван Чупиќ (информациите се дека ќе го напушти Вардар и се враќа во Загреб), Анте Гаџа, Ловро Јотиќ и Јосип Векиќ.
Левиот бек Кудуз кој е висок 202 сантиметри кариерата ја започнал во Осиек, играл и за Вараждин, во француски Дижон, швајцарски Винтертур и сега е актуелен член на Динамо каде во сезоната 2019/2020 беше прогласен за најдобар ракометар во лигата.
Покрај Кудуз кој во татковината е познат како „хрватскиот Хансен“, Вардар се засилува и со десното крило, Србинот Дарко Ѓукиќ односно левиот бек, Црногорецот Васко Шеваљевиќ.
> Се зголемува хрватската колонија во Вардар, Кудуз станува „црвено-црн“ <