Утрински Весник
Спорт

Погба: Златан расист? Ајде, не се шегувајте

Погба: Златан расист? Ајде, не се шегувајте

Пол Погба застана зад својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, по обвинувањата за расизам против шведскиот ветеран по бурната пресметка со Ромелу Лукаку, уште еден поранешен играч на „ѓаволите“ на вчерашното дерби Интер-Милан.

Снимките од инцидентот беа анализирани до бескрај од медиумите, и дел од нив сметаа дека „боцката“ на Златан: „Викни ја мајка ти, и прави го тоа вуду с.ање“ е јасен пример за расизам. Ова е провокација за изјавата на еден од акционерите на Евертон, кој тврдеше дека тој одбил да потпише нов договор кога Јунајтед беа заинтересирани за него бидејќи неговата мајка посетила вуду свештеник.

Погба вели дека е невозможно Ибрахимовиќ да е расист.

„Златан.. расист? Тој ме сака премногу и е последниот човек кого би помислил за расист. Ајде, не се шегувајте со тоа“, напиша Погба на Твитер.

Вербалниот дуел на Ибра и Лукаку – „Да ве е..м тебе и жена ти…Оди прави ги оние вуду глупости“

> Погба: Златан расист? Ајде, не се шегувајте <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите

Нов медал за Македонија во Таранто: Боксерот Рустемовски со бронзен медал