Утрински Весник
Свет

Сијарто: Набавуваме руски вакцини поради бавноста на ЕУ

Сијарто: Набавуваме руски вакцини поради бавноста на ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека главната причина што Унгарија набавува вакцини од алтернативни производители е тоа што Европската унија е премногу бавна во процесот на дистрибуција.

Иако Унгарија, како членка на ЕУ, е дел од официјалниот механизам за набавка на вакцини, властите на оваа земја одлучија да набават 2 милиони дози на руската вакцина Спутник V, што предизвика спротивставени коментари во рамките на ЕУ.

„ Очекувањата од ЕУ беа навистина големи, но сега гледаме дека дистрибуцијата на вакцини е многу побавна и се доставуваат помалку вакцини во земјите отколку што беше ветено на почетокот. Сепак, некои европски институции и бирократи продолжуваат да ги напаѓаат земјите кои бараат алтернативни начини за да набават вакцина. Ова е најважното прашање во моментов и ние сакаме да ги спасиме животите на нашите граѓани “, рече Сијарто.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови