Утрински Весник
Македонија

Јовановски: Конечно преку образованието треба да се срушат бариерите за вклучување на лицата со попреченост

Јовановски: Конечно преку образованието треба да се срушат бариерите за вклучување на лицата со попреченост

Претставници од Здруженијата на лицата со попреченост кои денес учествуваа на консултативниот состанок во врска со образовната концепција дадоа целосна поддршка на реформите.

„ Со овие реформи за првпат се дава фокус на инклузивноста, недискриминацијата и еднаквоста, затоа даваме целосна поддршка. Конечно треба да се сруши парадигмата за лицата со попреченост дека се неспособни и тоа посебно во раната возраст а тоа ќе се направи преку реформите во образованието”, рече Бранимир Јовановски претседател на Мобилност – Националниот Сојуз со лица со телесен инвалидитет.

Јовановски вели дека образованието е единствен пат за стекнување на вештини кои ќе им овозможат егзистенција на лицата со попреченост и на нивните семејства.

„ За жал лицата со попреченост се неконкурентни за пазарот на трудот затоа што се неквалификувани. За таа цел сметаме дека реформите се неопходни затоа што со нив ќе се отстранат бариерите физичката непристапност на објектите, а учениците добиваат поддршка”, рече Јовановски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата