Утрински Весник
Македонија

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во С.Македонија

Брнабиќ до Антикорупцискиот совет: Изнесете докази против Вучиќ, или поднесете оставка

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ Хепи изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и дека се работи за надминување на проблемот со регистрацијата на вакцините.

„Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не биле регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, но има многу повеќе работи зад завесите. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји што имаме соодветен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, изјави Брнабиќ.

Таа информираше дека со изутринава ја надминале бројката од 50 000 вакцинирани лица во Србија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор