Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му била ставена пломба од страна на Државен пазарен инспекторат, а овојпат внатре биле затечени сопственикот, четири лица од персоналот, 18 гости и 11 странски државјанки од Русија и Украина.

Странските државјанки ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка оти биле без регуларен престој во државата и без работна дозвола, информира МВР.

При претресот, извршен со наредба на судија, пронајдени се и одземени поголема количина на парични средства сместени во посебни нумерирани кутии, мобилни телефони и техниката за видео надзор.

Од полицијата информираат дека приведени се сопственикот и сите лица затекнати во објектот.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителскиот објект во Охрид повторно е пломбиран и има забрана за вршење на дејност во времетраење од 30 дена, а против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава и за претходното кривично дело – оштетување и кинење на пломба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Оставката на Димитровска не е морален чин туку резултат на јавен притисок – целиот состав на ДКСК треба да си замине

Гаши: Се чувствувам добро, благодарам на целиот здравствен персонал на Клиниката за дигестивна хиругија

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар