Утрински Весник
Магазин

Комичарот Џон Бишоп влегува во тимот на „Доктор Ху“

наслов4556на

 

Комичарот Џон Бишоп ќе ѝ се придружи на Џоди Витакер за 13-та сезона на британската научно-фантастична серија Doctor Who („Доктор Ху“), открива „Би-би-си“.

54-годишниот актер кој неодамна беше позитивен на тестот за коронавирус, рече дека влегувањето во Тардисот е „остварување на сонот“. Тој ќе го игра ликот Дан, кој се вплеткува во авантурите на докторот и се соочува со зли вонземски раси од неговите најлуди кошмари.

Бишоп ја пополнува празнината што ја оставија Бредли Волш и Тосин Кол, кои се збогуваа во специјалната новогодишна епизода.

Серијата „Доктор Ху“ се снима од 1963 година до денес, и ги следи авантурите на главниот лик, хуманоиден вонземјанец.

Тој го истражува универзумот во својот вселенси брод Тардис, кој патува и низ времето. Заедно со својот придружник, докторот се бори со разни негативци во обид да спаси некои цивилизации и да им помага на луѓе во неволја.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител