Утрински Весник
Македонија

Македонија добива 800.000 дози од Фајзер, 5.850 стигаат во февруари

Македонија добива 800.000 дози од Фајзер, 5.850 стигаат во февруари

Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од прозиводителот Фајзер во текот на годината.

Договорот бил дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот за здравство, Венко Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид-19. Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, а потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди.

„Нашата земја навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид 19 и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде досега се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона“, велат од Министерството за здравство.

Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница