Утрински Весник
Спорт

Лукаку: Јас сум еден од петте најдобри напаѓачи во светот

Лукаку: Јас сум еден од петте најдобри напаѓачи во светот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку (27), бил задоволен од она што го покажал од почетокот на сезоната. Белгиецот, на 18 натпревари во Серија А и Лигата на шампионите, постигнал 15 голови.

„Слободно можам да кажам дека сум еден од петмината најдобри напаѓачи во светот. Не сакам сега да зборувам за тоа кој е уште тука, но себе се гледам меѓу најдобрите“, рекол Лукаку.

Интер, годината ја завршија на второто место на табелата во Серија А, со поен помалку од Милан, додека во Лигата на шампионите не успеаја да ја минат фазата по групи.

> Лукаку: Јас сум еден од петте најдобри напаѓачи во светот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028