Возачот на автомобилот марка „бентли“ кој со поголема брзина се движеше низ скопскиот плоштад, притоа загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, е пронајдет и казнет.
Станува збор за извесен Б.А. од Арачиново, а потврда за ова стигна и од скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој на социјалните мрежи објави фотоградија од записникот кој му е врачен на сторителот.
На истата може да се забележи дека Б.А. е казент според членот 187, став 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
Во Скопје никој не е и никогаш нема да биде над законот!
Благодарност до МВР и министерот Oliver Spasovski за брзата…
Posted by Петре Шилегов on Среда, 23 декември 2020
Таа одредба гласи: Мандатен платен налог со глоба од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе ми се регистрираат 25 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на учесник во сообраќајот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (3) на овој член.
Видеото кое се прошири на социјалните мрежи, покажува како автомобилот се приближува до „светлосниот тунел“ поставен на градскиот плоштад, при што луѓето собрани околу новогодишната декорација брзо се тргаат настрана, а потоа возилото забрзувајќи преминува на другата страна.