Утрински Весник
Спорт

Бејл стрелаше, Тотенхем во полуфиналето на Карабао купот

Бејл стрелаше, Тотенхем во полуфиналето на Карабао купот

Тотенхем се приклучи на Манчестер сити и Брентфорд во полуфиналето на англискиот Лига куп (Карабао куп), откако со 3:1 славеа на гостувањето кај второлигашот Стоук сити со головите на Герет Бејл, Бен Дејвис и Хери Кејн. Последниот полуфиналист ќе биде познат по мечот помеѓу Евертон и Манчестер јунајтед.

Бејл, кој беше критикуван поради малата минутажа и слабата ефикасност по камбекот во северен Лондон, го отвори резултатот во 22. минута, но Стоук успеаја да израмнат во 53. минута, пред Дејвис да го врати водството во 70. минута, за Хери Кејн во 81. минута да стави точка на натпреварот.

> Бејл стрелаше, Тотенхем во полуфиналето на Карабао купот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПСЖ против Астон вила ќе играат за Суперкупот на УЕФА

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид