Утрински Весник
Македонија

„НВО Инфоцентар“ и „Активо“: Бесконтактни томпломери за градинките во Велес

„НВО Инфоцентар“ и „Активо“: Бесконтактни томпломери за градинките во Велес

Граѓанските организации „НВО Инфоцентар“ од Скопје и „Активо“ од Велес донираа бесконтактни топломери наменети за потребите на градинките во рамки на општинската јавна установа за деца од претшколска возраст – Детска градинка „Димче Мирчев“ во Велес.

Препознавајќи ги потребите на локалната заедница за заштита од пандемијата Ковид-19, од „НВО Инфоцентар“ и „Активо“ велат дека преку оваа граѓанска иницијатива им помагаат на градинките во општина Велес успешно и во континуитет да ги спроведуваат протоколите за заштита и превенција од коронавирусот.

„Граѓаните и локалните заедници се соочени со големи предизвици во превенцијата, заштитата и лекувањето од коронавирусот. Нашата акција е само мал придонес кон заедничката борба против Ковид-19 и заедничките напори да им овозможиме на децата безбеден, безгрижен и разигран престој во градинките дури и во услови на пандемија“, наведуваат граѓанските организации.

Оваа акција е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско