Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски: Делата на Св. Климент да ни бидат водилка во време кога ни се негира минатото

Пендаровски: Делата на Св. Климент да ни бидат водилка во време кога ни се негира минатото
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Архиепископoт Охридски и Македонски Господин Господин Стефан и до сите православни верници.

„Св. Климент Охридски верно продолжувајќи го делото на своите учители, Светите Кирил и Методиј, ги постави темелите на духовноста и просветителството на нашите простори. И после 11 века од неговото упокојување, неговото дело го издржа судот на времето, не престанувајќи да биде инспирација и мотивација не само за македонските граѓани, туку пошироко на Балканот и во Европа“, се нагалсува во честитката на претседателот.

Пендаровски истакнува дека Свети Климент Охридски оставил големо духовно и просветителско наследство, но и со личен пример на дело покажал што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

„Токму овие доблести ни се неопходни во време, кога како и целото човештво се бориме со пандемијата на Ковид-19 и разорните последици што таа ги носи. За жал токму сега, како народ и држава сме ставени пред дополнителни тешкотии и предизвици, при што ни се негира минатото, обременува сегашноста и загрозува иднината. Посакувам делата и мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата, а неговата верба и љубов поткрепа во искушенијата кои само сложни и обединети можеме ги надминеме“, посочува претседателот во честитката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села