Утрински Весник
Технологија

Заврши Autumn Gaming Month што го организираше Македонската е-спорт асоцијација

Заврши Autumn Gaming Month што го организираше Македонската е-спорт асоцијација

Со една од најпознатите игри League of Legends, заврши Autumn Gaming Month кој го организираше Македонската е-спорт асоцијација.

Во изминатиот гејминг месец се играа шестте дисциплини: Fortnite, Clash Royale, Counter-Strike: Global Offensive, Chess, Dota 2 и League of Legends.

„Искрено им честитаме на добро познатите Reborn eSports што повторно триумфираат на LoL турнир организиран од МЕСА, како и на сите останати што учествуваа. Ви благодариме што нè дружевте во овој период и се надеваме дека уживавте во сите игри што беа во рамки на Autumn Gaming Month“ велат од МЕСА.

Македонската е-спорт асоцијација организираше три настани годинава. Во разговор за „Мета.мк“, претседателот на МЕСА, Константин Пејоски рече дека во период кога е најдобро сите да останат дома, континуирано се рушат рекорди во број на играчи и број на гледачи.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META