Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Опозицијата треба да запре со опасните тези и труењето на општеството

СДСМ: Ги осудуваме опасните повици од страна на Левицата, Обвинителството да реагира
Img 5587

 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предводена од дезинформаторoт Христијан Мицкоски во очај и паника, продолжува со хајки, напади и конструкции, велат од владејката СДСМ.

„Уште еднаш потврдија дека се заглавени во режимската матрица и за кредибилната студија, која ги нотира како главни извори на дезинформации, сметаат дека е виновен Сорос, како што за време владеењето на почесниот бегалец од правдата Сорос беше виновен за сè“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека ВМРО-ДПМНЕ е партија неспособна да преземе одговорност за своите постапки и за своето деструктивно делување.

„Опозицијата треба да запре со труењето на општеството, треба да престане со лажни вести, опасни тези со кои поттикнуваа омраза и поделби во јавноста, бидејќи вистината секојдневно ги демантира“, велат од СДСМ.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт