Утрински Весник
Свет

Статистика: Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Статистика: Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на специјализираниот сајт „Ворлдометар“, пишува „Вијести“.

Пред Црна Гора, која според сајтот има 49.454 случаи на милион жители, се наоѓаат само Андора (80.917) и Бахреин (49.707).

Според Институтот за јавно здравје, во Црна Гора се активни 11.132 случаи на инфекција, додека од почетокот на годинава се регистрирани 31.062.

Црна Гора е исто така на 17. место според бројот на смртни случаи (699) на милион жители. Во таа земја, 439 пациенти починале како резултат на коронавирусот од почетокот на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија сака да има активна улога во секој судски процес за пожарот во Кран-Монтана

Ирански демонстрант осуден на смрт само неколку дена по апсењето

Девет новороденчиња починале во Русија