Утрински Весник
Македонија

Владата донесе решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба

Владата донесе решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата вечерва ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради Ковид-19.

Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

На оваа седница е донесено и решение за изменување на Решението за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови на Комитетот го именуваше Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.

Со решенијата на вечерашната седница, се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување на кризна состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје