Утрински Весник
Спорт

Надал го „скрши“ шампионот, во полуфинале оди на Медведев

Надал го „скрши“ шампионот, во полуфинале оди на Медведев

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Рафаел Надал, се намачи, но успеа да се пласира во полуфиналето на АТП финалето во Лондон, откако со 6:4/4:6/6:2 го победи актуелниот шампион Стефанос Циципас и го елиминираше од турнирот.

Надал и Циципас претходно имаа по една победа (над Андреј Рубљев) и еден пораз (од Доминик Тим), така што во директен дуел одлучуваа кој ќе му се приклучи на Австриецот во полуфиналето од групата „Токио 2020“. Сега останува да се види кој ќе биде четвртиот полуфиналист, откако утре светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ ќе се судри со Германецот Александер Зверев исто така во директен дуел.

Трофејот од АТП финалето, завршниот турнир на тениската сезона, каде што играат најдобрите осум на светот таа година, е еден од ретките кои недостасуваат во колекцијата на Надал, кој обично е премногу „истрошен“ за борба во последните месеци од сезоната. Сега, со пандемијата на КОВИД-19 и поместениот календар, Надал очекува годината да му заврши со трофеј. Ова е првпат од 2015 година тој да се пласира во полуфиналето на завршниот турнир, а во исто време има 3-0 скор против Медведев.

> Надал го „скрши“ шампионот, во полуфинале оди на Медведев <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена