Утрински Весник
Македонија

Царовска: Со Болоњскиот процес го прилагодуваме високото образование на потребите на студентите

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска учествуваше на онлајн конференција на министрите надлежни за високото образование на земјите членки на Болоњскиот процес.

Домаќин на конференцијата којашто за првпат се одржува онлајн, е Рим и на истата учествуваат министрите од 48-те земји членки.

Царовска која заедно со останатите министри, го одобри Римското Коминике за понатамошниот развој на високото образование, кое е и основа за креирањето на домашните високообразовни политики, во обраќањето го истакна значењето на иновативноста во високо образование.

„Во изминатите дваесет години постигнувањата од Болоњскиот процес го изменија високо образование кое е насочено на потребите на студентите и за развојот на општеството. Со воведувањето на нови и подобро усогласени методи и практики за учење внесуваме сосема нова димензија во образовните процеси и ги прилагодуваме на современите трендови. Сето ова е тесно поврзано со истражувањата и со местото на општествените, хуманистичките и креативните науки кои треба да продолжат да ја играат виталната улога, давајќи им длабочина на нашите животи и овозможувајќи да го разбираме и да дејствуваме во светот кој што постојано се менува“, рече Царовска.

Болоњскиот секретаријат и изрази благодарност на нашата земја која во изминатите две години учествуваше во Одборот кој раководи со Болоњскиот процес и за конференцијата одржана во Скопје во февруари 2019 година.

На Римската Конференција, министрите го примија Сан Марино како нова членка на Болоњскиот процес.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Две мали деца се затруле со хемикалија во кумановско, пренесени на Детска клиника

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го остави ЕСМ со загуба од 140 милиони евра, а сега глумат загриженост за струјата