Утрински Весник
Македонија

Брзи тестови за корона од утре во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево

ДСЗИ: Граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација да се обратат до нас преку е-пошта
Dik 300x250 mk

Во пет здравствени институции во државата, од утре ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица, и општата болница во Кичево. Лаборанти од овие установи мината недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ држават, за во најкраток можен рок, брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.

Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тетс или антигенски – брз тест.

Изминатива недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Чето, Ѓорче Петров,Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни, соопшти Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!