Утрински Весник
Свет

СЗО: Можеби сме уморни од Ковид-19, но вирусот не се умори од нас

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) во денешното обраќање на меѓународен настан предупреди дека коронавирусот не се заморил и ги повика земјите да бидат претпазливи.

„Можеби сме уморни од Ковид-19, но вирусот не се умори од нас. Европските земји се борат, но вирусот не се промени значително, ниту пак мерките за негово спречување“, истакна шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус во рамките на Парискиот мировен форум.

Според универзитетот „Џонс Хопкинс“, 52 милиони и 200 илјади луѓе во светот биле заразени со коронавирус, а бројот на смртни случаи достигна скоро еден милион и 290 илјади.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп