Утрински Весник
Свет

(Видео) Трамп почна да објавува докази за изборна измама

(Видео) Трамп почна да објавува докази за изборна измама

Сè уште актуелниот претседател на САД, Доналд Тамп, објави видео од работници кои пакуваат гласачки ливчиња пристигнати по пошта.

Тој напиша на Твитер „Барате ливчиња. Дали нашата држава дојде до ова?”.

На видеото се гледа како мажи кои не се во униформа, изнесуваат писма со гласачки ливчиња од поштенските сандачиња и ги пакуваат во црни вреќи.

Според досега пребројаните гласови на претседателските избори, Трамп загуби од демократскиот кандидат Џо Бајден.

Трамп не ги прифаќа изборните резултати и веќе поднесе жалби во неколку сојузни држави, па судот ќе донесе одлука за гласањето.

Претходно беше објавено дека сите гласачки ливчиња во американската држава Џорџија повторно ќе бидат преброени.

Останува да се избројат гласовите во Аризона и Северна Каролина, каде беа преброени 98 проценти од гласовите.

Засега, во Аризона, која носи 11 изборни гласови, Бајден води со 49,4, наспроти Доналд Трамп, кој во моментов има 49 проценти од гласовите.

Во Северна Каролина, Трамп води со 50 проценти од гласовите, Бајден има 48,7, а победата во таа земја носи 15 изборни гласови.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници