Утрински Весник
Свет

Во Србија рекордни 1.878 новозаболени од коронавирус, 13 починати

Во Србија рекордни 1.878 новозаболени од коронавирус, 13 починати

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 1.878 новозаболени лица од коронавирус, што е нов рекорд во земјата.

Тестирани се 10.262 лица.

Единаесет лица починаа, што е најголема бројка на починати од јули. На 19 јули тие имаа 13 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи во Србија досега.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 49 пациенти се приклучени на респираторни машини во болниците низ Србија.

Српските епидемиолози очекуваат најсилен удар на коронавирусот во следните десет дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Швајцарија денес референдум за предлогот за законско ограничување на населението на 10 милиони

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан