Утрински Весник
Македонија

Три лица со македонско државјанство се на списокот на австриската полиција за терористичкиот напад

Три лица со македонско државјанство се на списокот на австриската полиција за терористичкиот напад

Австриската полиција од МВР побарала информации за вкупно три лица кои покрај австриското имаат македонско државјанство, а се поврзани со синоќешниот напад во Виена.

„Денеска од австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена. Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија)“, велат од МВР.

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се ставил на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваат на сите елементи поврзани со овој случај.

Од Министерството информираат дека остварена е и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц.  Курц изразил благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразиле подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка на загинато дете остро ги критикува родителите кои ја продале борбата за правда

ЦУК: 12 активни пожари низ Македонија

Град Скопје ни знае што сте организирале, ни каде пари сте трошеле, a сакате ние да сме виновни, му рече Арсовска на Ристовски