Утрински Весник
Магазин

Кралицата тажна бидејќи јавноста одбива да го реставрира Виндзор

Кралицата тажна бидејќи јавноста одбива да го реставрира Виндзор

Британската кралица се бори со жестоки реакции откако владата одби да ја финансира реставрацијата на замокот Виндзор.

Кралицата се соочува со критики бидејќи владата не само што одби да плати за обновата на Виндзор туку и ги предупреди даночните обврзници дека треба да придонесат за трошоците.

Замокот на кралското семејство во Беркшир, кој долго време се сметаше за омилена резиденција на нејзиното височество, претрпе огромна штета по разорниот пожар во 1992 година. Но, кога се распраша за трошоците за реновирање, на кралицата ѝ беше речено дека Владата нема да даде пари и таа ќе мора да се потпре на личните грантови што ги добива од даночните обврзници.

Зборувајќи во програмата на “Ченл 5“ – „Филип: Кралот без круна“, коментаторката Џени Бонд рече: „Изгледаше како прилично тажна, стара дама во тој момент. Но, работите се влошија затоа што Владата рече дека ќе плати.

„Со други зборови, даночните обврзници би платиле за поправките во замокот Виндзор. И ова предизвика бес.“

Откриено е дека штетата од пожарот била толку голема што за целосно обновување на замокот потребни се неколку години, а според последните пресметки целиот зафат ќе чини околу 36,5 милиони фунти.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста