Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пронајдени околу 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

(Видео) Пронајдени околу 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од околу 100 килограми. Уапсен е турски државјанин кој дрогата требало од Македонија да ја пренесе во Турција.

Според информациите на МВР, вчера околу 12.20 часот, во непосредна близина на градските гробишта во Охрид полициски службеници запреле комбе „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Б.(53), државјанин на Турција.

При извршен преглед на комбето, во задниот багажен простор, пронајдени се три големи картонски кутии и една полиетиленска торба во кои биле сместени 114 пакувања хашиш. Од страна на крим-техника е извршена обработка на возилото и подигнати се материјални докази, а Ч.Б. е приведен во СВР Охрид.

Од МВР соопштија дека Ч.Б. пред околу две недели со авион пристигнал од Истанбул во Приштина, пa во Република Северна Македонија и во Скопје остварил средба со неколку лица за да го изврши транспортот на дрогата од нашата земја во Република Турција.

По комплетирање на целосната документација против Ч.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Охрид, со цел определување мерка притвор. Покрај ова, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на подрачјето на Скопје, при што се лишени од слобода уште две лица и одземени се предмети за понатамошна постапка, а во консултација со Јавен обвинител кривичната пријава ќе биде проширена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи