Утрински Весник
Спорт

Седлоски поради коронавирусот замина од Динамо

Седлоски поради коронавирусот замина од Динамо

Гоце Седлоски повеќе не е тренер на Б-тимот на Динамо Загреб. Клубот објави дека со Седлоски спогодбено го раскинале договорот. Седлоски за тренер на Б-тимот на Динамо беше промовиран на 13 мај.

Коронавирусот е причината што поранешниот капитен на Динамо го напушти клубот. Во текот на својот пет месечен мандат 46 годишниот Седлоски четири пати бил во самоизолација, а пред два дена неговиот тест на Ковид-19 бил позитивен, пишува порталот „Индекс“.

Со оглед на тоа дека Б-тимот во наредниот период треба да одигра многу натпревари, Седлоски и клубот процениле дека најдобро решение ќе биде неговиот договор да биде спогодбено раскинат.

Нов тренер на Б-тимот на Динамо е 33 годишниот Иван Прелец.

Седлоски играше во Динамо од 1998 до 2004 година, во овој период тој освои три титули хрватски шампион, три титули од Купот на Хрватска и три суперкупа.

> Седлоски поради коронавирусот замина од Динамо <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Јане Сандански“ грмеше, Вардар беше на чекор до бод – Нант славеше со еден гол

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години