Утрински Весник
Магазин

Ванеса Брајант со нова тетоважа

Ванеса Брајант со нова тетоважа

Ванеса Брајант, вдовицата на покојната легенда на „Лос Анџелес Лејкерс“ Коби Брајант, сподели фотографија од својата нова тетоважа на ногата, по победата на „Езерџиите“.

Во вторникот, два дена откако екипата на „Лејкерс“ ја освои шампионската титула во кошаркарската НБА лига, 38-годишната Ванеса на својот Инстаграм објави фотографија од нејзината нова тетоважа која се протега од глуждот до палецот.

А, неа ги има имињата на членовите на нејзиното семејство: нејзиниот покоен сопруг Коби (41), таа и нивните четири ќерки: Наталија (17), покојната Џиџи, Бјанка (3) и едногодишната Капри.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027