Утрински Весник
Македонија

Димитров и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп разговараа за билатералната соработка

Димитров и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп разговараа за билатералната соработка

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Дирк Јан Коп, на којашто разговараа за билатералната соработка, со акцент на заедничките проекти во светло на исполнувањето на европската агенда на Северна Македонија во периодот што следи.

„Владеењето на правото и доброто владеење, институционалното зајакнување во контекст на капацитетите и ефикасноста, се заштитен знак на Холандија, еден од моделите на земјите членки на Унијата кон кои стремиме. Стремежот е дофатлив токму преку евроинтегративниот процес чија задача е усогласување не само со легислативата, туку и со европскиот стандард и подобрени услови за живот на македонските граѓани“, рече Димитров.

Во овој контекст вицепремиерот Димитров изрази задоволство од меѓусебната соработка во рамки на програмата МАТРА особено важна со оглед на нејзиниот фокус во областите на владеење на правото, добро управување и демократија.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јанев лично во Кочани: Проверува како Лазов избега од полициската станица – Секој пропуст ќе биде санкциониран

Ново видео ја вознемири Македонија: Група врсници физички нападна девојче

Државата не ги научи лекциите од трагедијата во „Пулс“ – системските слабости останаа