Утрински Весник
Свет

Трамп наредил да се укинат обуките за расизам во администрацијата

Трамп: САД мора да имаат сериозен пристап во случај на можно труење на Навални

Американскиот претседател, Доналд Трамп нареди укинување на обуката за расизам во сојузната администрација, што според него води до поделби и претставува антиамериканска пропаганда, објави во петокот Белата куќа.

Објавата доаѓа осум недели пред претседателските избори и во екот на изборната кампања која е одбележана со силни тензии меѓу двата табора по прашањето на расизмот.

„Според извештаите на медиумите, од службениците во извршната власт се барало да минат обука во рамките на која им се укажувало дека ‘скоро сите белци придонесуваат за расизам или доколку тоа е потребно, тврдат дека имаат корист од расизмот’“, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Според медиумите, оваа обука одела дотаму што тврдела дека расизмот е вграден и во верувањето оти Америка е земја на можности или во верувањето дека најквалификуваната личност треба да го добие работното место“, се додава во текстот.

Вниманието на претседателот го привлече фактот дека агенциите на извршната власт до денес потрошиле милиони долари на даночните обврзници „обучувајќи“ ги државните службеници да веруваат во антиамериканска пропаганда што ги дели луѓето, објаснија од Белата куќа по однос на ова прашање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Победата на Мадуро на изборите во Венецуела не може да се признае, соопшти ЕУ

Во нападот на толпа на хотел со мигранти во Ротерхем повредени се најмалку 10 полицајци

Најмалку 25 лица, главно деца, убиени во израелски напади врз училишта во Газа