ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ крие колку пари потрошиле за изборите што се одржаа на 15 јули.
„СДСМ интервенираше во 5 до 12 пред завршетокот на вонредната состојба во изборниот законик со уредба на Влада во вонредна состојба да го ограничи времето на рекламен простор низ медиумите за опозицијата, за ВМРО-ДПМНЕ, а денеска можеме да видиме од извештајот доставен до ДЗР од страна на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ дека се крајно нетранспарентни и кријат одредени ставки каде ги трошеле парите наменети за кампања и за одредени спецификации. Имено, ако се погледне извештајот на СДСМ кој е јавно достапен и за медиумите и за граѓаните, може да се види дека е најнетранспарентен и технички празен, без наведени ставки колкави суми имаат потрошено СДСМ за одредени спецификации кои што јасно се наведени во извештајот и кој што е практика јавно и транспарентно да се објават од страна на политичките партии каде ги трошеле сумите“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Тој прашува зошто СДСМ крие колку пари потрошиле на рекламни паноа и билборди, бидејќи, како што кажа, истите се јавно обзнанени уште на ждребањето во Државната изборна комисија каде што се беше транспарентно кој дел за која политичка партија припаѓа, односно кој пакет?