Утрински Весник
Македонија

Кривична и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во ицндентот пред „8 Септември“

Кривична и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во ицндентот пред „8 Септември“
Dik 300x250 mk

Обид насилно да се изнесе тело на почината од коронавирус е причината за инцидентот кој вчера изби во болницата „8 Септември“.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека кај нив било пријавено дека неколку лица се заканувале на персоналот кој работи во ковид центарот на болницата, по што интервенирале полициски службеници. Еден од синовите на починатата кој сакаше насилно и без почитување на протоколите да го земе телото на неговата мајка, бил позитивен на коронавирус, но наместо во изолација, тој дошол пред болницата. Против него ќе биде поднесена и кривична пријава.

„По излегување на лице место од страна на полициски службеницина паркингот пред ГОБ 8 Септември биле затекнати повеќе лица, при што од страна на полициските службеници преземени биле мерки и активности за преглед на лица и патнички моторни возила, а меѓу нив биле затекнати синовите на починатата кои сакале насилно да го земат телото. Лицето Б.С (29) е приведен во ПС Гази Баба, поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација констатирано е дека истиот не го почитувал решението за изолација и е позитовен на Ковид- 19“, велат од МВР.

Синот на починатата кој е позитивен на коронавирусот е спроведен во државен карантин на сопствен трошок, а ќе му биде поднесена и кривична пријава за непостапување според здравствените прописи.

Текстот Кривична и државен карантин за синот на починатата кој учествуваше во ицндентот пред „8 Септември“ е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Инцидент во Струшко: Во близина на угостителски објект пукано во воздух од БМВ во движење

Опожарено возило во Аеродром, нема повредени