Носителката на листа на кандидати за пратеници во изборна единица 1 Мила Царовска вчера вечер на маалска средба во населба Капиштец рече дека СДСМ е партија која што се грижи за сите граѓани подеднакво и дека посеветено работи на намалување на сиромаштијата и на нова развојна економија.
„ Со Социјал -демократскиот сојуз на власт платите ќе продолжат да растат. Во пост ковид периодот ќе имаме раст на минималната плата до 40% и раст на просечната плата до 30%. Тоа можеме да го направиме бидејќи и изминатиот период со дијалог со работодавачите и синдикатите минималната плата се зголеми за 60%. Платата која во трудоинтензивните дејноси кадешто има најмногу работници, посебно жени, беше 9.000 денари денеска е 14.500 денари. Но, тоа зголемување на минималната плата поттикна зголемување на сите други плати и затоа имаме за повеќе од 5.000 денари зголемуање на просечната плата во државата “, рече Царовска.
Текстот Царовска на маалска средба во Капиштец: Со СДСМ на власт платите ќе продолжат да растат е превземен од МАКФАКС.