Утрински Весник
Свет

Знамето на Мисисипи се менува поради симболот на Конфедерацијата

Знамето на Мисисипи се менува поради симболот на Конфедерацијата

Гувернерот на Мисисипи, Тејт Ривс, одлучи дека знамето на таа сојузна држава ќе биде сменето, односно дека веќе нема да го носи амблемот на Конфедерацијата, по протестите низ САД, на кои, меѓу другото, се бараше отстранување на симболите на ропството и расизмот.

Мисисипи беше единствената американска држава што на своето знаме го имаше симболот на Конфедерацијата – црвена заднина и син дијагонален крст со бели sвезди што ги претставуваат јужните држави кои се спротивставуваа на укинување на ропството за време на Американската граѓанска војна (1861-1865). Џорџија го укина тој симбол во 2003 година.

„Ја разбирам потребата да се испрати знамето од 1894 година во историјата и да се најде ново што е подобар симбол за Мисисипи“, рече Ривс во телевизискиот говор.

„Треба да сфатиме дека сите што сакаат промена не сакаат да ја избришат историјата“.

Текстот Знамето на Мисисипи се менува поради симболот на Конфедерацијата е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Туск свика состанок со безбедносните служби поради закана за шпионажа

Гутереш: Израелска офанзива врз Рафа би била стратешка грешка и хуманитарен кошмар

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале