Утрински Весник

Трактор удри во 9-годишно дете во Тетовско

Трактор удри во 9-годишно дете во Тетовско

Вчера на локалниот пат во селото Беловиште, Тетовско, трактор со гостиварски регистарски ознаки, со прикачена преса за балирање, управуван од К.Ф.(30) од с.Беловиште, удри во дете на возраст од девет години од Штип.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани  во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Текстот Трактор удри во 9-годишно дете во Тетовско е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax