Утрински Весник
Свет

Германија ја зголемува минималната плата

Германија ја зголемува минималната плата

Минималната плата во Германија треба да се зголеми за 11,7 проценти до средината на 2022 година, едногласно заклучија претставниците на синдикатите, работодавците и академската заедница.

Во моментов, минималната плата во најголемата економија во Европа е 9,35 евра за час, а до средината на 2022 година треба да се искачи на 10,45 евра за час, се согласи комисијата, која требаше да даде препорака според одлуката на владата.

Се препорачува да се зголеми на 9,50 евра за час на почетокот на следната година, на 9,60 евра во средината на годината, и на 9,82 евра на почетокот на 2022 година. Конечниот износ од 10,45 евра за час треба да се воведе кон средината на 2022 година.

Препораката беше донесена едногласно.

Владата планира да го претвори планираното покачување на платите во закон и се очекува да ги следи препораките на комисијата.

Зголемувањето на минималната плата беше дискутирано во контекст на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус. Работодавците предупредуваа дека превисоката минимална плата може да им наштети на компаниите, додека синдикатите бараа зајакнување на позицијата на работниците.

Германија ја воведе минималната плата во почетокот на 2015 година. Тогаш изнесуваше 8,50 евра за час.

Текстот Германија ја зголемува минималната плата е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Босфор затворен за сообраќај, се насука товарен брод од Украина

Холивудската ѕвезда Стивен Сигал се појави на инаугурацијата на Путин и го пофали „најголемиот светски лидер“

Њујорк Тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот