Утрински Весник
Македонија

Штипскиот универзитет се подготвува за уписите на студенти во прва година

Штипскиот универзитет се подготвува за уписите на студенти во прва година

Штип, 29 јуни 2020 (МИА) – Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ за два дена ја стартува електронската форма за уписи на студенти во прва година во учебната 2020/2021. Проректорот на УГД-Штип, Мишко Џидров на денешната прес-конференција појасни како ќе функционира оваа нова платформа.

-Сите заинтересирани студенти, можат да влезат и да направат свој профил, да ги внесат основните податоци, да ги внесат своите документи во форма без разлика дали скенирани или сликани и сето тоа да го достават, за да ние во текот на летниот период, успееме да го прегледаме и да бидат спремни тие студенти за почетокот на уписите. Сето ова го правиме за да се намалат ризиците и метежот при започнувањето на уписите на 24 август, вели Џидров.

Забележа дека на оваа платформа студентите ќе можат да постават и по некое прашање. Документите кои се потребни за уписите ќе се доставуваат на отворени места во центрите на УГД-Штип, со цел да се избегне гужвата.

-На Филилошкиот факултет се планирани 66 стипендии, од кои шест се веќе доделени, а остантите 60 ќе бидат доделени на сите студенти, кои ќе се запишат на катедрата по македонски јазик, како и на катедрите по англиски, германски, француски и турски јазик ќе можат да добијат стипендии, врз основа на оценките од средното училиште, кое го имаат завршено, односно првата година нема да плаќаат партиципација, вели Џидров.

Конкурсот за упис на студенти во прва година за 2020-2021 година на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е објавен минатата недела. Слободни места има за 3.800 студенти на 90 студиски програми на 12 факултети и три академии.

Што се однесува за странските студенти, очекуваат да се запишат, оние кои лани го изучуваа македонскиот јазик, за да можат да ја следат наставата, а електронскиот систем ќе им овозможи да се запишат без разлика каде и да се. Без разлика дали новата академска година ќе почне со или без физичко присуство на студенти во амфитеатрите и предавалните, Џидров вели дека како Универзитет веќе се подготвуваат наставата да може да се одржува и по електронски пат, на наставниот кадар му е дадено задача, да обезбеди наставен материјал за студентити и за ваквата форма на одржување на наставата.

Тој истакна дека анализите покажуваат дека оваа година има помал број на завршени средношколци, во споредба со останатите години. Во државниот испитен центар се пријавени околу 13.000 завршени средношколци.

-Оваа година ситуацијата се поклопува и со отпочнувањето на таа девотелетка, а 2001 година има и влијание во однос на новородените деца. Така што сето тоа ќе се одрази и верувам заради ситуацијата поголем број средношколци ќе оснатат во државата, рече Џидров. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!