Утрински Весник
Економија

Горивата поскапуваат за половина денар по литар

Намалени увозните цени од одделот кокс и рафинирани нафтени производи

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 63, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) за 52,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ за  0,428 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,824 денари за килограм.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 отсто и за околу 1,568 отсто кај дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. вј/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година

Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители